Вселенскиот брод “Прогрес“ паѓа ноќеска

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Според податоците на руската вселенска агенција “Роскосмос” излезениот од контрола вселенски брод “Прогрес М-27М” ќе изгори во цврсти слоеви на атмосферата на Земјата меѓу 01:13 и 04:51 часот по московско време на 8 мај.download

“Вселенскиот брод ќе изгори во цврсти слоеви на атмосферата и само одделни фрагменти од конструкцијата може да достигнат до површината на планетата”, се вели во соопштението на прес-службата на Заводот.

Рускиот товарен вселенски брод “Прогрес М-27М” беше лансиран во орбитата на 28 април од космодромот Бајконур. Веднаш по отцепувањето на бродот од ракетниот носач, почнаа да се јавуваат информации дека антените не се отвориле и бродот се покажал неконтролиран. Тој се врти со голема брзина и неконтролирано околу својата оска.

Веројатно се случила експлозија при одделувањето од третиот степен. Таа не само што нанела штета на апаратот, но и го пробила со гориво системот на моторите, поради што тој не е предмет на управување и маневри. Од тој момент почна да губи висина и оваа ноќ ќе влезе во цврстите слоеви на атмосферата и ќе изгори.

Прелиминарните податоци се дека тоа ќе се случи во регионот на Атлантикот крај јужноафриканските брегови.