Kaмиони без возач во сообраќајот

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Беспилотни камиони веќе ќе можат да се движат рамноправно со останатите возила во американската држава Невада, откако тоа официјално беше дозволено од властите таму, пренесе АФП.Image_4752359_407

Камионот робот е развој на компанијата “Дајмлер” со седиште во германскиот град Штутгарт и се нарекува Frightliner Inspiration. Властите во Невада издале сертификати за два такви камиона, а нивното официјално претставување беше крај браната на час пат од Лас Вегас. Се очекува дебито по патиштата во Невада да не е порано од 2025 година. Овие машини трошат  5% помалку гориво од обичните камиони. Од “Дајмлер” чекаат сартификат за роботите и во Германија, каде што во јули 2014-та одржаа тест на празен автопат.