Селмани :Тоа е типичен автократски систем, кој не ги сака вистинските новинари

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Она што остана во сенка на презентираните индиции за пропусти во истрагата, на загинувањето на Никола Младенов ,е односот и речникот на надлежните кон новинарите, пишува Дојче Веле во денешната анализа   Зошто е неприфатливо за власта новинарите да бараат податоци од истрагата за нивен колега, да поставуваат прашања, да отвораат дилеми?

0,,16707520_303,00

 

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, вели дека односот на власта кон прашањата на новинарите кои барале информации за истрагата, го покажува вистинскиот карктер на системот кој е воспоставен во Македонија.

„Тоа е типичен автократски систем, во кој мала група на луѓе, преку контрола и злоупотреба на институциите, им ја наметнуваат волјата на мнозиството граѓани. Овој систем ја извитоперува идејата за демократијата, која се базира на поделба на власта. Во ваков систем не се битни правата и слободите на граѓаните, туку интересите на врхушката на власт. насерТие не даваат отчет пред граѓаните или новинарите, затоа што градат мит дека системот е безгрешен. Во ваков систем слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани се само мртво слово на хартија. Улогата на новинарите и медиумите во демократско општество како ‘куче чувар’ се негира. Тие не се четврта независна власт, која треба да информира и да бара одговорност од институциите за нивната работа, туку да служат како пропаганда машинерија за одржување на власт на врхушката. Според нив, нема што новинарите да прашуваат, системот ќе им каже како треба да информираат. Треба само понизно да ги следат директивите“, констатира Селмани.

Според речникот кој министерката Јанкулоска и нејзини колеги наводно го употребувале за новинарите, претседателот на ЗНМ оценува дека власта ги третира критичките новинари и медиуми како најголеми непријатели.

„Автократскиот режим не трпи критика. Јавната критика се смета како најголемо зло кон системот. Тие не разбираат дека неограничена власт по дефиниција е неодговорна и корумпирана власт. Ваквата власт, новинарите што критикуваат прво ги дискредитира јавно преку медиумска кампања како ‘криминалци’, ‘рекетари’, ‘лоши луѓе’, за да ги направи легитимна цел во бескомпромисната пресметка. Кон слободните новинари немаат толеранција и милост, дури и кога ќе им се случи некоја несреќа. Тоа не е само основно непознавање и неприфаќање на темелните вредности на едно демократско уредување, туку демонстрира и една дрска и примитивна свест, која се граничи со лудило. Ва такви услови, не може да има слободни и професионални медуми, а без нив не може да има ни демократија“, заклучува Селмани./DW