“Епл” собира ДНК информации преку апликација

од Vladimir Zorba
106 прегледи

“Епл” сака да ги претвори уредите во алатки за медицински истражувања.apple

Компанијата соопшти дека работи со американските истражувачи за создавање на апликации кои ќе им овозможат на сопствениците на “iPhone” да го тестираат и споделуваат нашиот генетски код.

Собирањето на огромна база на податоци поврзани со човечката ДНК, ќе даде можности на научниците да ги разберат подобро причините за голем број на болести како Паркинсоновата.

Забрзувањето на истражувањето на овој начин е од големо значење за истражувачите, кои ќе се фокусираат на развојот на експерименталните третмани.

Извор запознаен со плановите на компанијата, изјави дека така луѓето ќе можат да ги “покажуваат и споделуваат” своите ДНК информации со организаторите на истражувањето и да придонесуваат за развојот на конвенционалната медицина.