Очилата за виртуелна реалност Oculus Rift ќе се појават на пазарот во 2016

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Очилата за виртуелна реалност  ќе излезат на пазарот во првата четвртина на 2016 година. Компанијата најави дека ќе почне да прима пред-нарачки за уредот по неколку месеци. Oculus Rift почнаа како проект во платформата за финансирање Kickstarter. Се појави огромен интерес и постепено дојде до развој на компанијата, а минатата година таа стана сопственост на Facebook со вредност околу 2 милијарди долари.rift2

Oculus започна и заедничка работа со Samsung, двете компании го пуштија уредот Gear VR за некои од смартфоните на корејскиот гигант. Паралелно со сето ова продолжува и развојот на Oculus Rift. Засега ограничен круг на луѓе имаат контакт со уредот, бидејќи некои од деталите за него сѐ уште не се прецизирани. rift1Компанијата додава дека по една недела ќе објави повеќе конкретни информации за техничките карактеристики на уредот. Освен тоа Oculus навестува дека најголемата гејмерска конференција E3 се приближува и се очекува тогаш компанијата да ги претстави  сите можности на софтверот, како и првите игри кои се специјално креирани за очилата за виртуелна реалност.