Научниците развиваат пајажина која може да издржи пад на авион

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Истражувачите од италијанскиот универзитет во Тренто имаат развиено посебна технологија за јакнење на пајажината. Во иднина таа ќе им овозможи да бидат создадени материјали кои ќе можат да ја издржат тежината на авион, соопшти Скај њуз.

spider-webs-around-home

Од досегашните тестирања, извршени од страна на тим  истражувачи на пајаци од фамилијата Araneidae  –  пајаци кои плетат кружни пајажини кои се меѓу најдолгорочните природни материјали, е добиена пајажина која е 3,5 пати посилна од обичната.

Научниците се надеваат доколку може да се произведува во голема мера,  ќе стартуваат производство на хибриден материјал , кој ќе биде толку силен што ќе може да задржи пад на авион.

Според податоците, експериментот со пајаците не бил целосно успешен. Некои од нивне плетеле пајажина силна колку што очекувале, а четири од нив умреле.

Се очекува во иднина технологијата да биде тестирана и kaj свилени буби.