ЗНМ најостро го осудува насилството врз новинарите

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Соопштение на ЗНМ:

znmЗдружението на новинарите на Македонија најостро го осудува насилството врз новинарите од полицијата и насилните протестанти во Скопје.

Насилството против новинарите е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира за настани од јавен интерес.

Поразително е за македонската демократија кога полицијата тепа новинари на протести место да им обезбеди услови за непречена работа. Да се истура граѓанското незадоволство на протести врз новинарите е чин на кукавичлук и примитивизам.

Бараме МВР, обвинителството и судовите да ги открие и казнува насилниците. Ако брзо не се расветлат овие напади во јавноста ќе се создаде сомнеж дека институциите свесно толерираат насилно против новинари.

Предупредуваме дека ваквото неодговорно однесување на институциите може да поттикне уште посериозни напади против новинарите со трагични последици.

Повикуваме медиумите протестите да ги покриваат со искусни и обучени новинари, видно означени со потребни легитимации. Новинарите кога следат насилни протести пред се треба да водат сметка за нивната безбедност и да одбегнуваат да се движат меѓу протестантите и полицијата.

Управен одбор на ЗНМ