Канаѓанка беше осудена откако имала секс во авион на канадска авиокомпанија.
Алиша Елизабет Ландер е осудена за непристојно однесување, употреба на алкохол, вршење на експлицитен чин на јавно место, напад над полицаец, предизвикувајќи му потрес и нарушување на мирот на патниците.
Обвиненијата се предизвикани од извршениот полов чин на авионот, кој патувал за Халифакс.
Жената изјави по непријатна ситуација, дека не се сеќава на ништо, бидејќи била под дејство на алкохол и додаде: “Се срамам од себе. Тоа не е мојот карактер.”
Таа и Џејсон Чејс, кого го сретнала малку пред да се качи во авионот биле уапсени по приземјувањето.
Сведоци, меѓу кои и екипажот на бродот, споделија дека виделе младичот како ја бакнува и продира со прстите во Алиша Ландер додека панталоните ѝ биле соблечени.
Екипажот му соопштил на пилотот, а тој ја известил полицијата, која го уапси парот.
Чејс се изјасни за виновен, а злосторството ќе биде избришано од неговото досие, ако не се вплеткува во неволја следните три години.