Се очекува следната генерација на Android да биде претставена за време на годишната конференција Google I / O, која ќе е на крајот на овој месец. Google како ненамерно откри дел од деталите на новата платформа во програмата за конференцијата.
Засега следната верзија на платформата го има името Android M, а се очекува на крајот и таа да добие име на десерт за да ја испочитува досегашната традиција на компанијата. Онлајн изданието AndoridPit располага и со уште малку информации какви ќе се иновациите во платформата. Не се очекуваат особено големи промени во интерфејсот и дизајнот на платформата.
Големите промени беа воведени во Android 5.0 Lollipop со т.н. Material Design, кој ќе претрпи лесни надградби во Android M. За сметка на тоа, Google подготвува посериозни промени во известувањата и ќе ги обедини во различни платформи. Известување што е видено од корисникот на неговиот таблет пример, нема да се појави на смартфонот. Освен тоа ќе има промена во начинот на прикажување на известувањата, но засега не се јасни детали. A
ndroid M ќе стави фокус и на технологијата за паметни домови. Google поседува компанијата за умни термостати Nest и се очекува платформата да има поддршка за нив, како и за други слични технологии.
Онлајн изданието The Verge пак наведува дека Google има амбиции да го развие Android M и за бизнисот. Покрај тоа, компанијата ќе поднесе доста подобрувања во системот за гласовно управување на уредите, вклучувајќи и можност практично сите функции на smartphone или таблетот да може да се управуваат преку гласовни команди.
Засега компанијата не ги коментира плановите. Google I / O ќе започне на 28-ми мај годинава.