ДПА : Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи

од desk3
109 прегледи

2-PDSH

Демократската партија на Албанците соопшти дека внимателно ги следи новите случувања на состојбата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и во никој случај да не подлегнат на провокации.

ДПА во сопштението бара „Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци и групи со цели и агенди кои не се совпаѓаат со методите со кои Албанците сакаат да ги решат нивните проблеми“.

ДПА, се вели во соопштението, „апелира меѓународниот фактор итно да интервенира во оваа ситуација, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата“./МИА