Интересни факти за Чиле (Прв дел)

од Vladimir Zorba
791 прегледи

Чиле е единствено место, донекаде поради својата местоположба и клима. Земјата, која се наоѓа во Јужна Америка , има природна заштита – Тихиот Океан на запад и високите Анди на исток.d13ed6deded4a5b66accc9cdf5962172

Што се однесува до климата, Чиле може да ве фасцинира со својата разновидност. Во северниот дел на државата, пак, се наоѓа пустината Атакама . Што уште не знаете за оваа неверојатна земја? Дознајте со тоа што ќе го прочитате во следните редови:

1. Истата оваа пустина Атакама е најсувото место на планетата.

2. Чилеанскиот дел од Патагонија е едно од најчистите места во светот .

3. Езерото Чунгара се наоѓа во северниот дел на земјата, е највисокото езеро во светот.Тоа се наоѓа на 189 километри од градот Арика, а надморската висина е 4570 метри.

4. Лунарната долина , која се наоѓа помеѓу градот Каламата и Сан Педро де Атакама, е едно од ретките места во светот, чиј пејзаж многу потсетува оној на Месечината.

5. Во Чиле се наоѓа и т.н. “природна лабораторија” – имено езерото Копауе . Тоа го менува хемискиот состав, во зависност од времето на годината. Топлата подземна вода со вулканско потекло го менува хемискиот состав во зима и лето.

6. Долината Elqui го има најчистото небо во светот – во просек 240 ведри ноќи во годината. Таму е изградена и најголемата опсерваторија во јужната хемисфера .

7. Сведоштвата за НЛО забележани на небото на Чиле, се најмногу во споредба со каде и да е на друго место во светот.

8. Највисокиот активен вулкан во светот се наоѓа токму во Чиле. Тоа е Guallatiri, кој се издига на 6064 метри надморска височина.

9. Најголемиот бакарен рудник во Чиле (производство на речиси половина од бакарот во земјата) се наоѓа на 2830 метри надморска височина и е оддалечен 240 километри од градот Антофагаста.

10. Портило е познат скијачки центар , лоциран во Андите. Тој може да се пофали со висок квалитет на снегот, бидејќи е опкружен со планини и зимската сезона таму трае подолго. Портило е лоциран на 160 километри североисточно од главниот град Сантијаго (Сантијаго де Чиле), во близина на градот Лос Андес.

11. Единственото ски одморалиште е сместено на брегот на океан и е позиционирано во Ел Мирадор – на 8 километри од градот Пунта Аренас. Тој работи во поголемиот дел од годината.

 

dc0402a96d8707e2e5cd8e5185f34d85 a5b8fa7a1f4d1a9c69552c38183c01fa 888e0023adaf0bda337cdf8f152e9016 57f6b29f6a423e0575708c962e15f7ff 2b4b46729bbf65853cf79a049dd3e93c 4a861830e1781ef7e8f020f0bafee747 3b5ed33b7ac5dd1cd1843154b5800a6c 13e2f8993b9fc7b02bf67112808f9219

309b8afbb0fceede513f85c65cd11065