Се разбира, македонските власти, македонскиот политички елити и политичките партии- било да се тоа опозициски или дел од Владата, да ги преземат своите одговорни одлуки, истакна претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев.
” Нашиот апел до нив е генерално да се однесуваат многу сериозно кон ситуацијата. Непринципиелното противење се сеќавате до што доведе пред две години во Бугарија – 5 влади, три парламенти, драстично намалување на инвестициите и зголемување на нестабилноста, рече Плевнелиев.
“Ние можеме да ги предадеме нашите лекции на нашите соседи, на нашите браќа – а тие се дека само со политички дијалог и само со одговорен однос кон она што велат граѓаните, вклучувајќи и кон доказите кон податоците, кон фактите, ако има незаконско прислушување”
Ако има недемократски методи и средства кои се користат од владејачките – да, тие треба да си носат одговорноста за тоа. Ако опозицијата дејствува на недемократски начин, исто и таа ќе носи својата одговорност за тоа, истакна Плевнелиев.
Ќе го кажам со едно реченица- сите да покажат дека се демократи и дека можат да ги решат проблемите по еден национален одговорен и правен начин. Се разбира дека треба да се срамиме од случувањата кај нашите соседи. Бугарија е активен учесник во се што се случува и планирање во регионот, продолжи тој.
Нашата земја е фактор во Југоисточна Европа, имаме своите амбиции и политика. Количеството меморандуми и спогодби за помош од страна на Бугарија кон земјите од Западен Балкан и нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ многу моќно се зголемува, истакна шефот на државата.
Бугарија ќе го преземе претседавањето со процесот за соработка во Југоисточна Европа по само две недели. Сите претседатели на 12 земји во овој процес ќе застанат заедно во Тирана, Албанија и ние ќе го преземеме од оваа земја претседателството. Како шеф на државата се однесувам многу амбициозно и одговорно кон овој процес. Ова е легитимна форма и очигледно по две недели ние ќе дебатираме на највисоко ниво и за случувањата во Македонија, рече тој.