Жените конечно ја откриле рамнотежата помеѓу семејството и кариерата, покажува истражувањето на центарот “Пју”, цитирано од “Пионер њуз”.
На денешен ден образованите жени избираат да имаат големи семејства почесто отколку кога и да било во минатото, покажуваат резултатите од анкетата. Анализата на Гретчен Ливингстон се фокусира на жените со висока стручна квалификација, кои генерално се смета дека имаат помалку деца од средната дама. Тешкотијата во балансирањето на кариерата и приватниот живот е главната причина за тоа.
Излегува дека сепак 60% од високообразованите жени кои учествувале во истражувањето, имаат две или повеќе деца. Тоа е скок со 6% од 1994 година. Според научниците промената веројатно се должи на фактот дека дамите и господата ги распределуваат подобро домашните обврски и одговорности. Така жените не се чувствуваат толку стрес од обврските кои треба да ги вршат како на своите работни места, така и дома.