Движењето „Стоп за полициска бруталност“ повика на мировен и солидарен собир и дискусија во 18 часот на Школка во градскиот парк:
– Сеуште ја чувствуваме мачнината која ја зададе вчерашниот ден. Според последните објави, животот го загубија осум наши сограѓани. Сочуство со семејствата, нема зборови за утеха во оваа трагедија!
#Протестирам од секогаш било движење што обединувало барајќи граѓански права, и секогаш пркосело на поделбите кои го обременуваат македонскиот народот. Паролите ги учевме и извикувавме на повеќе јазици, не прашувавме кој чив е кога држевме цврсто раце за да го гушкаме собранието. Протестиравме против неделата на оние кои не владеат, а борејќи се против џинови сите знаеме дека заедно сме посилни!
Затоа денеска повикуваме на мирен СОБИР на Школка, во 18 часот, каде би можеле да разговараме, да се координираме, да зајакнеме и да се меѓусебно охрабриме.
Борбата продолжува, не ги одстегаме тупаниците.
Секој ден во 6!
#Заедно #SëBashku #протестирам #HepBirlikte
Левичарското движење Солидарност на твитер бо сподели истиот повик за мировен и солидарен собир и дискусија:
– Активисти на #протестирам, денес се собираме во 18 часот на школка во парк, на мировен, солидарен собир и дискусија! #долувлада #секојденво6 – напиша солидарност на Твитер.
