Форум на слободоумни патриоти; Да покажеме мудрост и сплотеност

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Форумот на слободоумни патриоти изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите полицајци, бранители, Македонци и Албанци, кои, наведува, храбро ги положија своите млади животи во одбрана на татковината во борба против кучињата на војната, платеници за дестабилизација на државата.
sloboduamni pat

Форумот ги повикува сите граѓани на Република Македонија, од сите сите етнички заедници, да покажат мудрост и сплотеност во оваа тешка ситуација и да не подлегнуваат на никакви провокации за дестабилизација на нашата заедничка татковина.

„Форумот очекува од Советот за безбедност заеднички да се произнесе во однос на оваа безбедносна ситуација која може да ескалира и го повикува претседателот на државата, да формира заедничко тело, сочинето од претставници на релевантните политички субјекти, институции и експерти кое тековно ќе ја следи ситуацијата, ќе се се координира и ќе произнесе за суштината на оваа безбедносна ситуација“, се наведува во соопштението.