Од ВМРО-ДПМНЕ официјално негираа дека преместувањето на конгресот за 2 и за 3 мај е поврзано со најавените протести на опозицијата.

– За датумот за одржување на конгресот одлучува Централниот одбор. Неговото одржување нема никаква врска со најавените протести на опозицијата – изјави за „Мета“, Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Петнаесеттиот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ  се одржа минатата сабота и недела во Куманово и на него со огромно мнозинство гласови за претседател беше повторно избран Никола Груевски./META