ВМРО НП: Да не шират дезинформации и непотврдени вести

од Vladimir Zorba
93 прегледи
ВМРО-Народна партија изразува длабоко сочувство на семејствата на загинатите полицајци при дводневните борбени активности во Куманово.
vmro np

„Искрено жалејќи за загубата на младите животи им оддаваме чест и признание и нив и на сите припадници на безбедносните сили за искажаната голема храброст во извршување на нивната света должност во одбрана на татковината. На ранетите и повредени полицајци им посакуваме целосно закрепнување.

ВМРО-НП повикува на максимална воздржаност кај сите политички партии и други чинители во политичкиот живот во Македонија, како и на пишаните и електронски медиуми, портали, сајтови и социјалните мрежи, да не шират дезинформации и непотврдени вести. Сето ова, со цел да придонесиме сите заедно за смирување на состојбата и да дадеме шанса на одговорните институции во Македонија, целосно да ги расветлат вистинските мотиви, со што ќе се надминат последиците од една ваква тешка ситуација“, се наведува во партиското соопштение.