YouTube потпиша договор со Awesomeness TV за емитување на различни играни филмови во следните две години.
Станува збор за филмови кои премиерно ќе бидат прикажани во YouTube, a потоа и на други места. Освен филмови ќе бидат прикажани и оригинални серии.
Ова се дел од новините кои YouTube ќе ги предложи како ексклузивни содржини што ќе се плаќаат. Оваа содржина ќе биде резервирана за корисниците кои ќе се претплатат на овие услуги.