Во мрежата беше пуштена нова примена на будилник за паметен телефон кој ќе престане да ѕвони само откако ќе ги вклучиме светлата и си направиме селфи со разбудено лице, пишува “Дејли мејл”.
Стриктната примена е заштитена од измама од страна на поспанковците. Алармот не запира, ако едноставно шкрапнете произволна слика од спалната соба. Софтверот има препознавање на лицето и престанува да ѕвони само ако во селфито фигурира лице.
Новата апликација го носи брендот Snap me up и може да биде симната од онлајн продавницата на платформата Android Google Play Store . Утринските селфиња за будење се задржуваат во посебна галерија која може да биде споделена со роднини и пријатели. Но, тоа е само под услов дека корисникот е доволно самоуверени се смета за привлечен во првиот момент од будењето. Многу други клиенти би сакале да ја избришат веднаш галеријата. Апликацијата овозможува потретите да бидат прегледани во режим “слајдшоу” во подоцнежен час на денот.
Софтверот е развиен од компанијата Dehun Inc . Апликацијата исто така нуди функција за сеќавање – пример исклучување на ринглите на шпоретот, по подготовката на појадокот.