ДПА изрази жалење за настраданите во Куманово

од desk3
86 прегледи

mk}pdsh

Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска преку соопштение изрази жалење и сочувство за загубените човечки животи во судирите во Куманово.

– Цениме дека владата, или поточно албанскиот партнер во владата, ДУИ, не направиле доволно за да се спречи ескалација на ситуацијата. Згрижувањето на жителите што останаа без домови и надоместот на штетите што настанаа, да се изведе брзо, целосно и без одлагање, се вели во соопштението.

ДПА апелира Албанците, како што се посочува во соопштението, да не подлегнуваат на сценарија на македонските партии и на некои „чесни” Албанци, за да не станат топовско месо.

– Вистинскиот пат на Албанците од Македонија е патот на кој укажуваат нашите меѓународни сојузници САД, НАТО, ЕУ, како и Албанија и Косово, се вели во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека ќе продолжат да се ангажираат „за еден политички процес каде дијалогот меѓу Албанците и Македонците ќе биде вистински, како единствена алтернатива за остварување на правата на Албанците, и за деблокирање на интеграциските процеси во ЕУ и НАТО“./МИА