Јесбук ја претстави новата платформа Instant Articles. Преку неа медиумските партнери на социјалната мрежа ќе можат да креираат интерактивни статии и да ги споделат со својата публика преку мобилна апликација на компанијата. Анализите на Facebook покажуваат дека просечното време за полнење на една статија е осум секунди, што ги прави овој тип материјали најбавната содржина на социјалната мрежа.
Компанијата има направено Instant Articles така што ќе го скрати тоа време околу десет пати во однос на стандардните интернет-базирани статии. Паралелно со ова се додадени нови можности за управување на статиите и создавање на поинтерактивно искуство. Пример зголемување на фотографиите, автоматско пуштање на видеото при неговото појавување на екранот и др. Д
одадена е и можност за коментирање на конкретни реченици од текстот. Facebook дури им ветува на медиумите дека ќе им овозможи да ги преземаат сите приходи од рекламирање, кои се генерираат од Instant Articles. Освен тоа ќе можат да ги користат и дополнителните рекламирачки платформи на социјалната мрежа, за да се монетаризираат непродадените рекламни површини.
Платформата создава и статистики на интересот на публиката кон содржината. За сега Instant Articles тргнува пробно само за iOS и ќе нуди содржини од The New York Times, BuzzFeed, National Geographic, NBC и The Atlantic.Претстојат неколку месеци тест на платформата, вклучувајќи и анкетирање на корисниците. Потоа таа ќе биде подобрена и отворена за други медиуми.
Facebook не дава особено многу детали за платформата. Онлајн изданието Re / Code сепак додава дека Instant Articles ќе дава слобода на медиумите во дизајнот на новните статии, па да не се добива еднообразност по тип на содржина. Рекламата која медиумите ја продаваат преку дополнителните рекламирачки платформи на Facebook, ќе им дава 70% од приходите. Освен тоа социјалната мрежа објави дека нема да го менува алгоритмот за да дава предност на Instant Articles. Колку овие материјали ќе се појавуваат во челото на новинарскиот поток на корисниците целосно зависи од медиумите, кои треба да создадат квалитетна и примамлива содржина.