Продаден рубин за десетици милиони на аукција во Швајцарија

од Vladimir Zorba
91 прегледи

За рекордни 28,25 милиони швајцарски франци во вторникот вечерта во Женева беше продаден мианмарски рубин. На аукцијата на аукциската куќа “Сотби” (Sotheby`s) интересот за обоените камења беше многу голем, посочуваат експертите.6465412-3x2-700x467

Рубинот Sunrise Ruby, обоен во жива црвена боја, нарекуван од специјалистите “гулабова крв“ е монтиран на прстен, изработен од куќата за накит ” Картие “.

Платената сума, според “Сотби” е рекордна и за рубинот, и за скапоцениот камен на “Картие”, продадени на аукција.

Рекордот е регистриран и за обоениот скапоцен камен, различен од дијамант. Пред аукцијата Експертите го оценуваат Sunrise Ruby меѓу 11 и 17,5 милиони долари.

На истата аукција беше продаден и розов дијамант со тежина 8,72 карати за 14,8 милиони франци. Се смета дека дијамантот Historique Diamant Rose, бил дел од колекцијата на Матилда Бонапарта – внука на император Наполеон I. Од 1940 година дијамантот се чуваше во банка и не беше многу познат.

За 6,5 милиони франци беше продаден и ѓердан од 78 бисери. Според “Сотби” и оваа цена е рекордно висока за овој вид производи, продадени на аукција.

На аукцијата во вторникот вечерта беа продадени украси за близу 147 милиони швајцарски франци.