Денеска јавноста ќе слушне за тоа како функционирала коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во делот на меѓусебната заштита и покривање на незаконското однесување, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на почетокот од денешната прес конференција. Ќе слушнете, рече тој, нови докази како се местени милионски тендери и како се испумпувале пари во приватни компании кои потоа завршувале во ВМРО ДПМНЕ. Денеска јавноста ќе ја дознае и вистината за тоа кој стои зад купувањето од страна на МВР нов автомобил Мерцедес вреден речиси 600 илјади евра. Кој го нарачал и за каква цел.
Заев, објави разговори за коие вели дека се меѓу министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска од кои може да се чуе како разговараат рекет на бзинсимени за да обезбедат пари за авионски карти за избори.
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска
ГЈ: Ти што правиш?
МЈ: Ништо, не можам да најдаам авиони, се нервирам.
ГЈ: Како бе не можеш? А најде еден или не најде ни еден?
МЈ: Два најдов.
ГЈ: По колку патници?
МЈ: Едниот 168, другиот 120 и нешто.
ГЈ: А кој ги плаќа?
МЈ: Спонзори.
ГЈ: Па добро, ама кои?
МЈ: 10-15 фирми, не знам, Гранит, Бетон…не знам…Зегин, Мите Макоил, многу фирми има наведено. Владо Тинекс.
ГЈ: Добро. А имаш уште еден за барање, а?
МЈ: Два.
ГЈ: Ауу, па добар си ти бе, ептен. Значи ќе ја напуниш цела сала.
МЈ: Ај молиме те…
ГЈ: А овие карти вечер што ќе се делат, само за двата ќе се делат или за четири?
МЈ: А бе за 500 луѓе се организираме, не можам карти да најдам. Имавме четири, ама видовме дека дупло сме ги резервирале двата
ГЈ: Aaa…
МЈ: Ајде чао.
ГЈ: Ништо, ајде бркај работа, ајде.
