(ГАЛЕРИЈА) Идиличната вила на Џорџо Армани

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Минатата година, италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани постигна два големи јубилеја – 80 години од раѓањето и 40 години од формирањето на својот светски моден бренд.4f3a1945c3134b26bd3eb145c90f42f4

До денес Армани се обидува да живее безгрижен, идиличен живот, иако е познат како голем воркохолик. Тој има неколку домови низ целиот свет, како и прекрасна, 213-метарска јахта.

Сега сепак ќе ви ја презентираме медитеранската вила на модниот магнат, која се наоѓа на ридовите над Сен Тропе.

“Тука поминувам околу две-три недели во крајот на јуни и почетокот на јули”, вели дизајнерот пред списанието Architectural Digest.

Тој раскажува дека утрата му почнуваат со прошетка или тренинг, проследени со посета на локалната плажа. Обично Џорџо си руча во вилата, но кога сака бучна средина, се упатува кон “Cinquante Cinq beach club”.

Во доцните попладневни часови одиме на фасцинантен отворен пазар во градот “Place des Lices”.

Оваа вила е со скромен изглед и ентериер, во споредба со другите својства на Армани (на пример со неговата вила во Антигва или со онаа на карпестиот сицилијански остров Пантелерија).

Џорџо купува двокатна куќа во Сен Тропе во 1996 година, а за тоа ја убедува сестра му Роза, која исто така поседува вила во гратчето.

“Куќата беше во американски стил и имаше одличен поглед кон Средоземното Море”, се сеќава дизајнерот. “Тогаш сакав нешто пријатно, имав потреба од селска куќа на брегот на морето и затоа ја купив.”

Разгледајте ја куќата во галеријата.

b94e0453a27941eb3e222cac9810eaf9d1e98e995c1316e4234140323b92c418dfad0d4fc92cb206e3f4dfe2d725ddc4595056f9a0870387fb3e268d20bc2d22f16c8fb90230899a97dafc0eff21c2cd935676733c79bb49c6b9ed0dec1d6ca084fc26b3c186bdbf4e0b8c162e2e02ba