Американскиот робот хирург “Да Винчи” ја одржува формата, па со нечовечка точност соши расцепено зрно од грозје, пишува “Дејли мејл”.
Системот е составен од минијатурни инструменти за вршење на операции во самото тело на пациентот. Роботските пинцети можат да прават јазли и извонредно прецизни шевови во ограничени простори . “Да Винчи” демонстрира шиење на обвивка од зрно грозје во мало шишенце.
Роботот се управува со далечинска конзола од хирург , која го следи целиот процес на 3D камера. Апаратот успешно се користи при операции на мочниот меур и при оперативно отстранување на матката.
Обвивката на грозјето е многу деликатна и е неверојатно тенка. За време на шиењето гроздовото зрно беше набиено на мало шишенце додека пинцетите на “Да Винчи” оперирале со нечовечка прецизност. Уредот може да навлезе во тела со многу мали димензии – само 2 сантиметри. При операцијата остануваат само многу мали лузни врз телото на пациентот.
Системот чини 2 милиони долари, а за одржување за 12 месеци – 100 илјади долари.