Ватикан официјално ја призна палестинската држава . Тоа се случува со нов договор меѓу Светиот престол и Палестина, а е објавено вчера во Рим , пренесоа светските новински агенции.
Договорот, кој беше финализиран во средата , но се уште не е потпишан, подразбира дека Светата Столица ги менува дипломатските односи, кои досега имала односи со Организацијата за ослободување на Палестина, а понатамошниот односите ќе бидат со државата Палестина .
Ватикан ја поздрави одлуката на Генералното собрание на ОН во 2012 година, која ја признава палестинската држава. Но договорот е првиот нормативен документ договорен меѓу Светиот престол и Палестинската држава и претставува официјално признание .
Палестинскиот претседател Махмуд Абас треба да се сретне со папата Фрањо во сабота пред канонизирањето на двајца нови светци од Светата земја ден подоцна.
Во меѓувреме Израел објави дека одлуката на Ватикан е разочарувачки . Ова го изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи.
“Разочарани сме од одлуката на Ватикан. Освен тоа сметаме дека тоа нема да помогне за враќање на Палестинците назад на преговарачката маса “, рече портпаролот.
