Повеќето секс не нѐ прави посреќни, покажува научно истражување, цитирано од “Американ њуз вајр”.
Научниците од “Карнеги Мелон Универзитетот” Пенсилванија направиле експеримент со две групи луѓе на возраст меѓу 35 и 65 години. На едната од групите ѝ било наредено да има секс два пати почесто од обично, додека на другата – да продолжи како и вообичаено .
Три месеци подоцна истражувањето покажа дека учесниците од првата група не станале посреќни, и покрај почестото полово општење. Токму напротив – задоволство од сексот било намалено. Според аналитичарите, тоа се должи на фактот дека тие имале љубовна обврска која всушност имала спротивен ефект врз либидото.
“Наместо да се обидуваат да имаат секс толку често колку што и на почетокот на врската, за паровите ќе е подобро да создадат атмосфера која ја зголемува нивната желба и го прави сексот позабавен”, коментира еден од тимот истражувачи.