Последните денови од животот на егзекутираниот севернокорејски министер

од desk3
127 прегледи

Една вечер на крајот на април министерот за одбрана на Северна Кореја Хон Јон-чол се смести на столот во концертна сала, за да го гледа настапот на најпознатиот женски поп ансамбл “Моранбонг”, меѓу кои се хитовите како “Слави ја Татковината” и ” Мојата земја е најдобра “. Веројатно тоа била неговата последна јавна појава.

KOR

Според информациите собрани од јужнокорејски шпиони и споделена со пратеници во Сеул, следниот ден Хон бил обвинет за предавство и потоа погубен на одвратен начин со пукање на анти-авионски топови. Ако тоа се потврди, тој ќе се покаже како најновата жртва на серијата политички чистки на режимот на севернокорејскиот водач Ким Јонг-ун.

Исто како и кај претходните чистки, во изолираната нуклеарна земја немаше видливи знаци дека 66-годишниот Хон е под закана. Според извештаите на севернокорејски државни медиуми неговите последни денови биле заситени со помпа, церемонии, размена на поклони и кошници со цвеќиња во чест на системот, кој конечно се чини го ликвидирал.Роден во 1949 година во пустата провинција Северен Хамген, Хон се обучува во престижни воени училишта во Пјонгјанг и помина целата кариера во армијата. Од септември тој е член на Националниот комитет за одбрана, а од минатиот јуни беше министер за одбрана. Тој беше член на комисијата за погребот на Ким Џонг-ил – позиција која сведочи за својата блискост со починатиот водач. Меѓутоа оттогаш мнозина од оваа комисија беа отстранети од власт во текот на формирањето на нова база на моќ околу синот на Ким Џонг-ил – Ким Џонг-ун.

KOR2

Хон бил Дружељубив човек, познат по својата посветеност на својата работа, тврди јужнокорејската медиумска корпорација “Хералд”, која вчера цитираше разузнавачки извори. Според нив тој сакаше да пие, а неговите лични односи со околните биле добри.

Цвеќиња во Москва

На 20 април Хон предводеше делегација за конференција за безбедност во Москва одржана недели пред очекуваната посета на Ким Џонг-ун во Русија за воената парада – првото патување во странство по доаѓањето на власт во 2011 година. Десет дена подоцна – односно во времето кога според разузнавањето во Сеул Хон бил погубен – портпарол на Кремљ соопшти дека посетата на Ким се укинува поради севернокорејски “внатрешни работи”.

Додека Хон беше во руската престолнина, руски дипломати и функционери присуствуваа во огромната севернокорејска амбасада во Москва на свеченост по повод роденденот на “Вечниот претседател” Ким Ил-сунг, дедо на сегашниот лидер. Заедно со Хон тие дадоа “кошници со цвеќиња и букети” во негова чест, соопштија државните медиуми во Северна Кореја. Следниот ден, облечен во претрупана со медали униформа и со очила на врвот на носот, Хон одржа на конференцијата вонреден воинствен говор во кој ги предупреди САД за потенцијалот на Северна Кореја да нанесе “нуклеарен удар”.

Се врати во Пјонгјанг, на 22 април Хон повторно ги презеде во рацете цвеќиња, овој пат дадени од воениот претставник на Кина Чан Пин, доајен на странските воени аташеа во Пјонгјанг. Кошницата со цвеќиња беше за Ким Џонг-ун во чест на годишнината од основањето на Армијата, чиј шеф сеуште беше Хон. Празнувањата продолжија следниот ден, како Хон беше домаќин на странски воени аташеа и севернокорејски генерали на прием во министерството на народните вооружени сили. На 25-26 април (сабота и недела) Хон и други воени претставници положија цвеќе пред статуите на покојни лидери на Северна Кореја, поклонувајќи се во “смирена положба”, истакнаа државните медиуми.

Државните медиуми објавија дека тој бил на поп концерт во Пјонгјанг на 29 април. Оттогаш нема официјални изнформации за него.