Ние сме тие, кои со саможртвување го донесовме Сулејман Реџепи, он многу добро знае како го направивме реис. За нашиот придонес ни го должи животот. Мислевме дека е потребниот човек за таа позиција. Првите години немавме многу забелешки. Од 2011 година е сосема различно, особено од 2013 година, откако премина хаџи Јакуп Селимовски! Сулејман Реџепи, да немаше страв од нас што од време на време го потсетувавме за некои работи, ќе се сметаше неоспорливо себеси за „султан“! Над уставот! Ние се згрозивме, почнавме да го одбегнуваме, да го маргинализираме, да го одбиеме, да не му покажеме послушност и лојалност, почнавме да го игнорираме, крајно и отворено да му се спротивставуваме.
Ова наше однесување тој започна да го злоупотребува, да им каже на луѓето дека сме постанале многу опасни, дека зборуваме за него како за крадец, дека сето тоа го правиме бидејќи сме имале во план да го срушиме, се ова со цел чиновниcите на ИВЗ помалку да ни поверувале за причината на ладење на нашите односи. Тој на се претераше, а на другите им велеше дека тоа се обвниненија од моите непријатели. Сатански старец, извалкан. А од каде дојде неговото енормно богатство постигнато за овие 4-5 години? Ние сме млади, од различни верски школи и со една ментална структура што се разликува од неговиот автократен, полициски и комунистички менталитет.
Овој си оџа има големи хипотеки.! Крадењето е неговиот последен чин. Тој во историјата ќе остане запаметен како достоен активист во борбата против албанскиот национализам и сепаратизам во 1987 година. Тој многу добро знае. Кога тогаш тој ќе биде лустриран, ако не како теолог, секако како Декан на Факултетот на Исламските Науки. Ние го повикуваме да се лустрираме заедно, јас муфтија Шабани и тој! И да се прочешламе од финансиската полиција, зошто да не! Еве, јавно го повикуваме и нека не се крие под наметката на ангелот!
На прашањето на прес 24 дали во последните случувања се вмешала државата како што обвинува реисот Реџепи Тахири вели
Да, за Реџепи сиот свет е виновен, само тој е најдобриот и најпобожниот! Тој сплетува идиотски стратегии, сега веќе прочитани! Ја напаѓа државата, особено органите на правниот поредок кои еден ден ќе бидат принудени да го врзат и да го предадат на истражните органи како криминален и штетен човек за општеството. Негов сон е, и не еднаш го има изразено, да се закачи со власта, да се елеминира од „македонската власт” со цел да се затвори неговото досие “испред националните очи” и тој да биде прогласен за жртва на “славо-македонците”!
Вие немате поима како се чувствува тој кога не пишуваат за него секој ден „провладините медиуми”. Што сẻ повеќе го критикуваат и пишуваат лошо за него сẻ поубеден постанува дека му се отвора портата за влез во страниците на националната историја, пренесува Либертас повикувајќи се на Прес 24.
