Обичниот јужнокорејски државјанин Ким Си Цзин, кој пред повеќе од 6 месеци тргна сам да ја обиколува планетата, е на пат да го заврши едрењето околу светот, објавија властите во Сеул.
Според соопштението на министерството за морепловство и рибарство на земјата, цитирано од ТАСС, храбриот капетан ќе пристигне во сабота во порта Вемок на западниот брег, од каде тој отплови на 18 октомври, минатата година.
52-годишниот маж тргна со сопствената јахта за едрење “Арапани” и помина 41,9 илјади километри. Во тоа време тој ниту еднаш не запрел на копно и никој не му помагал со храна или слатка вода.