Русија успешно ги тестирала роботските системи од семејството Уран во комплексни вежби на полигонот Рајевскиј во Новоросијск, пренесува Раша тудеј.
Разликата со претходните тестирања е во тоа што далечински управуваните роботи овојпат дејствувале заедно како воена единица. Според руски воени извори, руски воени роботи вооружени со митралези, топови и противтенковски проектили успешно ги минале теренските тестирања, уништувајќи ги сите поставени мети, меѓу кои имало и оклопни возила, од максимална раздалеченост. „Во крајната фаза на вежбите, воените роботи успешно вежбаа уништување оклопни возила користејќи противтенковски мини. Воените роботски системи успешно ги уништија сите поставени мети“, изјавил воен извор, додавајќи дека сите системи биле контролирани од безбедно одалечен команден пункт.
https://youtu.be/UQFbpZCYC0E
