Компанија нуди раскинување со партнерот наместо вас

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Сакате да ставите крај на врската, но немате храброст? Веќе може да се плати на компанија која ќе го направи тоа наместо вас, пишува британскиот весник “Телеграф”.o-BREAKUP-facebook

“Жалиме што сè е готово, но ние ќе ви помогнеме да го преболите вашиот дечко, сопруга или љубовница за помалку од 2,80 фунти”, гласи рекламата на компанијата. Создадена од Австралијка, компанијата нуди широк спектар на начини да му кажете на партнерот дека не сакате тој / таа да биде веќе до вас. Можете да изберете помеѓу мило и емоционално писмо, завршено со “надевам ќе си останеме пријатели” или лута варијанта со “никогаш нема да најдеш подобар / подобра од мене”. Ако идеите на вработените не ви се допаднат, можете да напишете своја опција која компанијата ќе ја испрати наместо вас.

Интересно е дека колку побездушни сте, толку поевтина ќе ви излезе услугата.Кошница со цвеќиња пример ќе ве чини цели 77 долари. Уште поскапи се ако се придружени со шише вино или чоколадни бонбони.