(ГАЛЕРИЈА) Јахтата од иднината

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Во некои од последните научнофантастични холивудски филмови ни покажуваат како би изгледале градовите на иднината – автомобилите, патиштата, возовите. Ако се прашувате сепак каква би била јахтата на иднината и тоа не многу далечната, ќе ве израдуваме со пријатен одговор.00c5c33e5dc88abc0a96749fac746ac0

Дубајската компанија Kleindienst Group дизајнирала импресивен концепт за јахта, која е различна од сите други. Проектот за неверојатната јахта се нарекува “лебдечко морско коњче” и заработува поени со подводна спална и бања кои нудат спектакуларни погледи на подводните убавини на океанот .

Најопшто кажано јахтата претставува луксузен дом и вклучува целосно опремена кујна со трпезарија и дневна соба . Освен тоа има и палуба, која двои своеј простор , кога стаклената фасада ќе се отвори.

Горното ниво на јахтата има дополнителен простор за спиење, мини бар, кујна и џакузи со стаклено дно . Но, можеби една од најневеројатните карактеристики на лебдечкото морско коњче се стаклените ѕидови, кои даваат подобра перспектива кон околната вода и знаменитости.

Фото: Kleindienst Group

Ако се прашувате зошто јахтата на иднината го носи тоа име, тоа е затоа што компанијата сака да им помогне токму овие морски суштества. “Морското Коњче е загрозен вид и ние ќе создадеме вештачки корални гребени под луксузната јахта, која ќе биде заштитена зона во која морските коњчиња можат безбедно да живеат и да се размножуваат “ , делат од дубајската фирма.

Јахтата на иднината (и тоа сосема скоро) веќе го направи своето деби за време на Dubai International Boat Show и го очекува своето завршување на крајот на 2016 година. Лебдечкото морско коњче ќе биде со ограничено производство – само 42 примероци .

Во нашата галерија може да се види неверојатна јахта со подводна спална.

d5269dabf04b294c48bd184715d731ce 0b01633d4e91ebdd16ce30a52d7e95be 750c0b4c4ad16c9450f2ea71e73d847e ee2444d497abf94249779c67d56842a1 0db825f972db2c2476500891bf38ab5a e080fdc0567477b96eef3024962f0976