Политичките и економските врски на поранешниот шеф на македонските безбедносни служби Сашо Мијалков со криминалните групи, каде се испреплетени и економски интереси, не треба да се ставаат под прашање.
Српските тајни служби активно се присутни во Македонија и секогаш следеле што се случува таму. И тие го правеле тоа не само затоа што има српско малцинство, но и затоа што секогаш ја поддржувале Македонија. Очигледно официјален Белград не сака да биде вмешан во моментот кога чука на вратата на Европа и води едни полууспешни преговори со Косово. Србија не сака да биде вмешана со помош на актуелната власт во Македонија, која полека се распаѓа. Уште повеќе, постои и опасност од прелевање на конфликтот во Јужна Србија во областите на Прешево, Бујановац и Медвеџе – област која е премногу нестабилна.
Мијалков, според српските тајни служби, бил чест гостин на Белград под покровителство на своите српски колеги. Тие сепак очигледно не стоеле со скрстени раце. Така е откриена и неговата белградска љубовна приказна. Неговата љубовница, за која тој троши и по 5.000 евра за два дена. Од друга страна Мијалков секогаш преку своите врски со тајните српски служби ја минувал границата без да се регистрира, што му е дава можност да доаѓа во Србија, кога ќе посака. Тој се чувствувал таму како дома.
Српските служби биле будни, зашто неговиот огромен капитал и неговите врски со политичката и економската елита во Србија биле под надзор и на туѓото разузнавање. Така, според српски разузнавачки извори, е одлучено на високо ниво да биде пуштена веста “бомба”, која реално може да биде и крај на премиерот Никола Груевски. Допрва ќе се откриваат политичките и економските интереси на Мијалков не само во регионот, а Србија е сериозно загрижена за својот рејтинг. Уште повеќе, што сценариото на Мијалков не е нешто ново и непознато во регионот, пак, и во Србија.
Очигледно е дека системот на југоразузнавањето се распадна. Постојат дупки, од кои излегуваат информации. Мијалков и Груевски во овој момент станаа опасни за Србија и таа многу брзо ќе им го сврти грбот.
—————
Ели Јуруковa e новинар, политички аналитичар и еден од најдобрите познавачи на Балканот. Анализата е напишанa специјално за Агенција БГНЕС.
