Лавров: Инцидентот во Куманово има терористички контекст

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Ние сме крајно загрижени заради последните настани во Македонија а ситуацијата на Косово исто така не инспирира оптимизам, подвлече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров,  по  разговориte во Белград, со својот српски колега, Ивица Дачиќ.

dacic_lavrov

Инцидентот во Куманово има јасен терористички контекст, изјави Лавров, упатувајќи остри критики и кон ЕУ заради начинот на кој реагира и се справува со кризата во нашата држава.

Европската унија преку своето присуство на Балканот не треба да зазема кукавичка позиција и да се прави дека ништо не гледа додека истовремено се обидува да ги претстави работите како да станува збор само за изолиран инцидент, зад кој не стои организација и јас сум убеден дека Брисел многу добро знае што се случува, изјави Лавров

На прес конференцијата во Белград, тој одговараше и за тајмингот и можните мотиви на терористичкиот напад во Куманово, посочувајќи го одбивањето на македонската влада да воведе санкции против Русија како и подршката за проектот на гасоводот турски поток.

Не можам да проценам со сигурност, но објективно наликува како настаните во Македонија да се развиваат во контекст на одлуките на македонската влада да не воведе санкции кон Русија и во контекст на активната подршка која Скопје ја покажа во однос на плановите за изградба на гасоводот турски поток, кој има многу противници во Брисел како и преку атлантикот, изјави рускиот министер.

Шефот на руската дипломатија изрази и загриженост заради изјавите на некои албански лидери со кои се обелоденуваат и потврдуваат плановите за создавање на таканаречена голема Албанија, оценувајќи дека тоа е во целосна спротивност со фундаменталните принципи на ОБСЕ и мировните договори за конфликтите на балканот постигнати минатите години./Telma