И Алијансата за позитивна Македонија го поддржа граѓанскиот протест на 17-ти

од desk3
100 прегледи

Алијансата за позитивна Македонија апелира до владеачката коалиција и до државните институции да ги обезбедат сите потребни услови да граѓаните непречено, мирно и безбедно ги искористат своите уставни загарантирани права, особено правото на протест и правото слобода на изразувањето и на говорот.

04042014175428_алијанса-за-позитивна-македонија

Алијансата ги повикува своите членови и симпатизери да излезат на мирни и ненасилни протести на 17 мај 2015 организирани од граѓанското движење „Граѓаните за Македонија“.

Главниот одбор на Алијасата цени дека приоритет во решавањето на кризата треба да се даде на политичкиот договор, со што ќе се формира преодна влада, која за главна цел ќе има да организира фер и демократски избори, според нов Изборен законик.

„Изборниот законик треба да обезбеди целосно одвојување на партиите од државата и од управувањето со изборниот процес,Република Македонија да биде една изборна единица, да има отворени кандидатски листи,во Собранието да бидат резервирани 10% од пратенички места за сите заедници што се под 20% од вкупниот број на населението во Р. Македонија, да се департизација на Државната изборна комисија и пред распуштање на парламентот за сите наредни парламентарни избори да се формира непартиска техничка влада што ќе ги реализира изборите“, смета ГО на Алијансата за позитивна Македонија.