Смартфоните го направиле вниманието на луѓето помало од на златна рипка

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Според научна студија ерата на смартфоните до тој степен го намалила времетраењето на задржување на вниманието на човекот, што дури и златната рипка се концентрира на една мисла подолго, пишува The Telegraph.Image_4768225_126

Научниците анкетирале 2.000 лица во Канада и ја истражувале мозочната активност на 112 лица, користејќи електроенцефалограми.Резултатите покажуваат дека времетраењето на задржување на човековото внимание е намалено од 12 секунди во 2000 година, која може да се прифати за почеток на мобилната револуција, до 8 секунди. Утврдено е дека времетраењето на задржување на вниманието на златната рипка е 9 секунди.

Од друга страна, истражувањето извршено од технолошкиот гигант Microsoft, открива дека способноста на луѓето да извршуваат повеќе задачи истовремено е подобрена.

Истражувачите наведуваат: “Канаѓаните, (кои биле тестирани) со” дигитален “начин на живот, (оние кои консумираат повеќе медиумски содржини, работат со многу екрани истовремено, активно учествуваат во социјални мрежи и се меѓу првите во перцепцијата на нови технологии) , се соочуваат со потешкотии да се фокусираат, кога е потребно подолго задржување вниманието на еден предмет “.

За сметка на општото влошување на способноста за задржување на вниманието, овие луѓе побрзо го пренасочуваат вниманието и се карактеризираат со повеќе истообразни манифестации на силно концентрирано внимание. “Тие се справуваат подобро во одредувањето на тоа со што сакаат и или не сакаат да се занимаваат, а им е потребно помалку време за обработка и испраќање информации до меморијата”.

Истражувањето е своевидно продолжение на истражување на Националниот центар за биотехнолошки информации и Националната медицинска библиотека на САД, што покажа дека 79 проценти од учесниците гледаат телевизија на двоен екран кога користат мобилни уреди.Брус Мортон од Универзитетот во Западно Онтарио претпоставува дека набљудуваните трендови се резултат на жедта за информации на современиот човек. “Кога за првпат го видовме автомобилот, тој беше нешто ново”, вели научникот.

“Мислата за уред за забава во него изгледаше глупаво, бидејќи возилото само по себе беше забава. Кога патуваш во автомобил осум часа, сепак, мозокот се досадува. Монтиравме во автомобил радио и видео дисплеи. Зошто? Бидејќи првите 10 минути се доволни за да се заситиме. Го разбирам тоа “. Мортон додава дека само затоа што сме почнале да го шириме своето внимание на поинаков начин како последица на технологијата, тоа не значи дека неговиот начин на функционирање во реалноста се променил.