Власта сака да протестира на исто место каде што ќе кампува опозицијата?

од
74 прегледи

Протестот на Власта што ќе се одржи наредниот ден по народниот протест на опозицијата ќе биде на истото место каде што СДСМ ќе кампува. Вака одговори на новинарско прашање првиот опозиционер Зоран Заев на денешната прес-конференција.

images (1)

“Денеска добив информација дека ВМРО-ДПМНЕ добил приклучок за струја на истото место каде што и ние ќе протестираме, пред Владата на Република Македонија. А ние остануваме до крај и ние не си одиме од таму додека Груевски не поднесе оставка, изјави Заев .

Заев беше категоричен дека тие немаат намера да се поместат од пред Владата.
„И покрај се што прават, сите заинтересирани, ќе ги донесеме во Скопје, некои и со булдожери, трактори или пеш. Тие протестот на 18-ти го закажаа на истото место каде што ќе биде и нашиот, а ние од таму не си одиме, се до оставката на Груевски и формирање на преодна Влада. Јас постојано ќе бидам таму, освен кога сум на разговори кои ќе доведат до оставка на Груевски и преодна Влада“, рече Заев.

Заев информираше дека во периодот на протест ќе има пуаза во објавата на бомбите, но вети дека ќе бидат објавени.