Изолацијата на Русија пропадна со страшен тресок

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Со воената парада на Црвениот плоштад Русија покажа дека е првокласна воена држава која е поддржана од Кина и Индија, пишува на својот блог американскиот политиколог и економист Пол Крег Робертс.

20150517.dxtatsaawr

Експертот потсетува за активностите на државниот секретар на САД Џон Кери, кој пред прославите на 9 мај се однесуваше потценувачки кон Русија, но три дена подоцна побрза да го посети Сочи и да го критикува политичкиот режим во Укарина.Тоа зборува дека Вашингтон доаѓа на себе си, констатира Пол Крег Робертс, кој некогаш работел во администрцијата на претседателот Роналд Реган.

“Додека апсорбираше  од сопствената важност Запад го игнорираше одбележувањето на Денот на победата на Црвената армија над Хитлер, но трите најголеми држави во светот се обединија и присуствуваа на парадата на Победата”, нагласува аналитичарот, споменувајќи Русија, Кина и Индија.

Според зборовите на Робертс плановите на Вашингтон за изолација на Русија не успеаја  туку завршија со страшен тресок. Нешто повеќе, активностите на САД само  уште посилно ги сплотија  земјите од групата БРИКС.Самиот факт дека за време на прославите до Владимир Путин седеше шефот на Кина, покажа “совршено јасно дури за Идиоти од режимот на Обама” дека Вашингтон не е повеќе единствениот извор на сила, пишува политикологот.Според него овие околности го принудиле Вашингтон да го испрати Џон Кери при Путин како просител за развој на планот за деескалацијта на украинскиот конфликт. На овој начин рускиот претседател овозможи на САД да не црвенеат, убеден е политикологот.

“Обама, Кери и Камерон ќе треба да станат илузионистите, за да преминат од демонизација на Путин кон соработка со него”, порачува  е Робертс.