Децении зад решетки го очекуваат бомбашот од Бостон пред извршување на смртната пресуда

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Џохар Царнаев може да помине со  години, ако не и децении во затвор пред да биде извршена казната, пишуваат  агенциите. Во петокот 21-годишниот Царнаев беше осуден на смрт од судот во Бостон поради нападот од 15 април 2013 година на бостонскиот маратон во кој загинаа три лица, вклучувајќи и дете, а над 260 беа повредени, од кои денес 17 се со ампутирани екстремитети.

photo_verybig_1434435

Една деценија сигурно ќе помине додека адвокатите на Царнаев ги исцрпат сите можности за жалба на пресудата и претворање во нејзиниот доживотен затвор без право на замена. Американската Канцеларија за затворите се уште не одлучила каде ќе биде сместен Царнаев. Веројатно сепак тој ќе биде пратен во еден од двата најстрого чувани затвор – овој во Флоренс во Колорадо или во затвор во Тер Од во државата Индијана.

Ако смртната пресуда на Царнаев биде потврдена на Апелациониот суд, тој ќе биде еден од 59-те затвореници во САД, осудени на смрт од федералните судови. Од 1988 година едвај тројца федерални затвореници биле егзекутирани.

Ако отиде во затвор во Флоренс воКолорадо Царнаев ќе живее со 416 опасни криминалци. Меѓу нив се некои од најпознатите затвореници на САД, како атентаторот од Оклахома Сити Тери Николс, атентаторот со писмата-бомби Тед Казински и неуспешниот  бомбаш со бомбата во панталони од авионот од Амстердам за Детроит Умар Фарук Абдулмуталаб.

Царнаев сепак едвај ќе има можност да комуницира долго со некој од нив, бидејќи во овој затвор затворениците поминуваат просечно по 23 часа на ден во своите ќелии сами. Секоја ќелија е под надзор непрестано и е со димензии 3 на 6 м. Внатре има тоалет, маса, кревет, а храната се пренесува преку дупка во вратата. Во ќелијата затворениците пишуваат писма и гледаат телевизија. Никој не избегал од затворот во Колорадо, основан во 1994 година

Во затворот во градот Тер од во Индијана има камера на смртта, каде се извршуваат смртни казни со смртоносна инјекција. И тука затворениците поминуваат околу 23 часа сами во својата ќелија.