Њујорк го исклучува осветлувањето на облакодерите ноќе

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Во градската управа на Њујорк, беше донесен предлог-закон со кој се предлага да биде забрането вклучено осветлување во повеќето облакодери во мегаполисот во текот на ноќта.261782652_be6ba5d38d

Ако биде одобрен предлогот, во деловна зграда во Њујорк со висина над 20 ката, по полноќ ќе треба да се исклучува осветлувањето, ако во нив нема луѓе. Сега многу прозорци во високите згради остануваат запалени до утрото.

Членот на градскиот совет Донован Ричардс смета дека новите правила ќе доведат до заштеда на енергија и намалување на штетата врз животната средина. Според еколозите светлото од облакодерите понекогаш ги збунува птиците преселници кои прелетуваат над градот.

Според анкета спроведена од страна на специјалисти од Универзитетот во Конектикат, 71% од њујорчаните се однесуваат позитивно кон предлогот, пишува ТАСС.