Скопските градоначалници повикуваат на масовност на утрешниот собир

од desk3
85 прегледи

Граѓаните на Скопје масовно да се приклучат на утрешниот митинг за поддршка на стабилна Република Македонија, повикаа денеска градоначалниците на скопските општини од владејачката коалиција.

konevski-ivica

Тие на прес-конференција апелираа во понеделник во 20 часот пред Собранието на Република Македонија преку масовна поддршка како никогаш досега, народот, како што рекоа, одлучно да даде до знаење дека не се согласува со деструктивната политика на опозицијата која им штети на националните интереси и на интересите на граѓаните кои сакаат силна, стабилна и просперитетна држава.
Собирот, потенцираа градоначалниците, ќе упати неколку јасни пораки, но, пред се, дека граѓаните сакаат мирна, стабилна и просперитетна Македонија.
– Ги повикуваме граѓаните на Скопје, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, на мирен собир со кој заедно ќе покажеме дека Македонија ни е премногу важна за некој да се обидува да и наштети за да ги оствари своите теснопартиски и лични интереси. Македонија е наша татковина која заслужува стабилност, просперитет и подобра економска иднина, истакна градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески.
Според него, овој собир ќе даде јасно до знаење дека само преку демократски избори народот одлучува кој ќе биде власт, а кој опозиција.
– Граѓаните јасно и гласно ќе кажат дека се против насилните демонстрации и црните сценарија за дестабилизација на Македонија, рече Конески.
Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски побара граѓаните со своето масовно присуство на утрешниот собир да дадат поддршка за развојот на градот, за нови паркови, булевари, уредени плоштади, ушилишта, инвестиции, фабрики и фирми, за отворање нови работни места, за ново, просперитетно Скопје.
– Утре да ни се придружите на големиот народен митинг, да дадеме поддршка на се што е досега направено за Скопје, за невидениот развој и за она што допрва ќе се реализира, подвлече Трајановски.
Градоначалникот на Карпош Ствечо Јакимовски, пак, апелира, независно од националната, верска и етничката припадност, граѓаните со својата излезеност утре јасно да покажат дека сакаат мир, стабилност, соживот, безбедност и екононмски просперитет.
– Дојдете утре за да се види колку не има, дека сме многу повеќе од оние што се обидуваат да воспостават марионетска власт преку насилни, вонинституционални методи, рече Јакимовски.
Градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам апелира Ромите масовно да го поддржат утрешниот собир за сузбивање на, како што нагласи, проблемите кои некој сака да ги наметне.
На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалниците Петре Латиновски, Сокол Митревски, Тони Трајковски,…