(ГАЛЕРИЈА) Новиот бисер на Халкидики

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Грција е една од најпознатите летни дестинации за Македонците. Многу од своите сонародници избираат да одмараат надвор од својата татковина и многу често се одлучуваат токму за југот.ea70f6de90e3194e913f09959e153b6c

Халкидики од своја страна е едно од најпосакуваните места за летниот одмор .

Ако вие самите сакате да патувате до Грција во некои од летните месеци и сакате да уживате во луксуз и бројни објекти, веќе имате уште една можност за сместување.

Овој месец во Халкидики се отвори новиот хотел Икос Оливија , кој импресионира со современ и иновативен стил.

342a31e0ea9e46cf7b4cd49d4022f580Тој се наоѓа во заливот Торонеос , познат по своите шуми, сценски села и чисти плажи. Ако преферирате да патувате со авион – аеродромот во Солун се наоѓа само на 30 минути од хотелот.

Икос Оливија се состои од 136 соби и апартмани, како и 159 приватни бунгалови-апартмани .

За оние од вас кои бараат дополнителна осаменост и спокојство, некои бунгалови нудат пространи и елегантни апартмани со посебна спална и дневна соба, како и декориран балкон или лична градина.

Фото: adelto.co.uk

Новиот хотел нуди и четири ресторани во кои може да најдете јадења од грчката, азиската, италијанската и француската кујна, како и еден медитерански ресторан со шведска маса.

Љубителите на спа исто така нема да останат разочарани, бидејќи ќе најдат многу и различни предлози за релаксирачки терапии. Достапни се и такви за парови.

79acd8df384e1963631e119465e0a936 37f833794a2f9d64a78c5897173cdd96 e966bf01d2a3a49833697f999a7f04de 0,,15702283_303,00 6819061829ac628f7a390020ea41eb22 c2b015d92398db8ce9a624721e1addfc