Автономните возила на Google летово излегуваат на патиштата.
Станува збор за првите прототип возила кои ќе возат по улиците на Mountain View заедно со тест возачите на Google. „Подготвени сме да го објавиме нашиот следен чекор, неколку од нашите прототип возила ќе излезат од производната лента и ќе возат познатите патишта на Mountain View, заедно со нашите експерти возачи“, јави Google во блог пост.
Тестовите кои ги поминаа возилата им овозможуваат возачите да управуваат со возила кои како да имаат 75 годишно искусуство. Станува збор за возила кои излегоа како финален прототип на почеток на оваа година, а минуваат по 16.000 километри неделно и во овој краток период имаат искуство кое просечен американски возач би го добил за 75 години. Брзината на возилата е ограничена на 40 километри на час, а во оваа фаза се подготвуваат тестови со волан кој може да се извади, педала за гас и кочница со кои ќе возачот може да преземе контрола врз возилото. Најголемиот тест за автономното возило на Google овој пат е рекацијата на потенцијалните купувачи.
Google се надева дека ќе го отстрани возачот како фактор по пет години од сега, иако прво што мора да се направи е да се спречат несреќите. Веќе има извештаи дека автономните возила на Google биле инволвирани во 11 сообраќајни несреќи, иако повеќето не се поради вина на роботите.