Наскоро беспилотни летала ќе ги заменат поштарите

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Прашање на време е кога пратките ќе почнат да се испорачуваат со помош на автонимни летала.

timthumb

Една од компаниите кои се обидуваат да бидат први во оваа нова индустрија, XactSense, веќе работи на прототип на дрон кој ќе биде опремен со LIDAR-техоногија која Google ја користи во своите автономни возила, јави Quartz.

Станува збор за стартап кој своето јавно претставување го имаше пред десет дена на TechCrunch Disrupt, но веќе најавуваат прототип кој би започнал со тестовите следната година.

Во моментов идејата е дроновите на XаctSense да се користат за мапирање на инфраструктурата од патишта до базни станици и далноводи, но и да се користат истите за инспекција. Според најавата, првиот дрон на кој работат ќе може да прегледа 160 километри далновод. „Оваа работа во моментов ја прават луѓе во хеликоптери, најверојатно претпоставувате дека станува збор за опасна професија, летаат блиску до високо-напонски далноводи“, вели Питер Хас од XactSense.

Идејата, барем долгорочната идеја на XactSense, е да развие технологија која може да креира систем за навигација на автономните беспилотни летала, вели г. Хас. Според него, во следните години можеби ќе видиме големи дронови кои ќе ги заменат поштарите и ќе доставуваат пратки. Овие дронови ќе ги користат мапите што XactSense ги прави сега, за да избегнат судири со бандери, куќи или дрвја.

Останува да ја видиме реакцијата на американската FAA со оглед дека веќе работат на законско решение кое ќе забрани управување со беспилотни летала за корисници кои немаат пилотска обука, а овде нема ниту да има оператор, што може да значи дека наскоро ќе има проширување на законската рамка која би ги опфатила и овие летала. Овие беспилотни летала се добра вест и за Amazon и Google кои веќе тестираат дронови кои ќе вршат испорака со помош на оператор, но без сомневање нема да ја испуштат можноста да испорачуваат и со помал број на оператори. Што се однесува за Македонија, и тука веќе има обиди за регулирање на леталата.