Што открива накитот за вас

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Накитот се истакнува како моден аксесоар на сите времиња. Всушност тој има скриена симболика, која може да биде откриена, следејќи ја историјата. Нашите предци носеле накит направени од заби и канџи на фатени и убиени животни. Тие ја симболизирале моќта и доминацијата на ловците.9f9c03ed88f606fa61b0cc492deb8abe

За Римјаните, накитот сведочи за јавниот нивен статус и ја покажува нивната врска со различни божества.

Златниот накит бил на почит во средниот век и повторно служел за да се покажува општествената положба. Во денешно време, тој еволуирал до важен додаток без кој изгледот не е завршен и да, дури и во наши денови, тој исто така служи како начин на кој се демонстрира положбата.

Несомнено, накитот е најпосакуван меѓу понежната половина.

Еве што кажува тој за сопствениците:

Накит од злато : Ако сте љубители на златото, тоа дефинитивно значи дека држите до материјалното и сакате да го наметнете она што го имате.

Накит од сребро: Ако сребрениот метал ви е омилен, тоа значи дека не цените по социјален статус и богатство. Вие сте скромна, но софистицирана личност која држи до личните квалитети.

Накит со обоени камења (циркони ): Го сакате гламурот и богатството. За вас накитот не е само додаток, туку нешто без кое не може да живеете. Камењата ви помагаат да ја симнете негативната енергија и ве полни со позитивна.

Накит со дијаманти: Дефинитивно ја знаете цената на парите, умеете да ги почитувате. Не држите до тоа да имате многу накит. Доволно ви е и едно парче, додека на него да има дијамант.