Цртаните филмови завладеаја со облеката

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Летниот тренд за анимација во модата нѐ плени уште со првите предлози кои ги видовме.742e91106226541c0db1818bed0d2e7a (1)

Развојот на различните интерпретации бараше време за да се случи, но ете, се случи.

Посебен интерес предизвика колекцијата на Лаура Конрад “Minnie Mouse” и моментално нѐ пренесе во волшебниот свет на цртан лик.

За да не се почувствуваат запоставени и мажите, од Vans и Disney ја создаваат линијата “Young at Heart. Производите во неа се наменети како за мажите, така и за жени и деца.

Пораката е уникатна – тоа се предлози, адресирани до возрасни, кои успеале да го задржат детското во своето срце.

Тематски, сите производи се решени со исклучително забавен и весел карактер – нешто што сигурно нема да остане незабележано.

Патики, ранци, маици, топови, додатоци и кратки чорапчиња нѐ враќаат во раните години со ликовите на Мики Маус, Мини Маус, Мечето Пух и Пајо Паторот.

Палетата на бои е исто толку разновидна колку и принтовите – гледаме светли нијанси на жолта, сива, црвена, бела, зелена и портокалова.

Можете да ја видите комплетната колекција во нашата галерија . А вие се допадна ли нешто?

thumb (2) thumb (1) thumb 72cfb490cee5a6c0e7de87e4e91ff76a 4b5fe9ac0f4af44bd1d6dd0f89dab15a thumb (3) f4601ef39db38f5493c4c7f88e3bfbe8 7aabe088ed7cca23bfd2f4347ff83d36 ded395bc318af6cedd4a55ef3dffcb0e 20c4e5a2d094857cd3cf3ebccd452b55 ad1a5bde506312672292e91b85fa282a 37f13e03f2a7d8f3221c69bcc4ecae8b