Митинзите оддржани на 17 и на 18 мај, јасно ни дадоа до знаење дека Груевски сега de jure е мнозниство, а de facto малцинство кое го става сопственото членство и симпатизери во заложништво за сопствен спас.
Видовме еден блед и неубедлив популистички говор наменет за спасување на сопствената кожа и за лична пресметка со лидерот на опозицијата. Ова е обид за покажување мускули пред меѓународната јавност, т.е за билдање на преговарачката позиција во смисла дека народот присутен на митингот вечера цврсто стои зад него. Меѓутоа тој заборави дека сите во државата и надвор знаат на кој начин е донесен тој народ на митингот – со бомбардирање на членовите со смс пораки, со закани и уцени за задолжително присуство.
Митинзите оддржани на 17 и на 18 мај, јасно ни дадоа до знаење дека Груевски сега de jure е мнозниство, а de facto малцинство кое го става сопственото членство и симпатизери во заложништво за сопствен спас.
По којзнае кој пат Груевски се обиде да ја изманипулира јавноста дека зад случувањата со прислушувањето стои странска служба, без притоа да се каже која е таа служба, и дека лидерот на опозицијата Заев е само нејзин експонент.
Но, исто така тој јавно го обвини и поранешниот претседател Црвенковски како ментор на Заев, но и милијардерот Џорџ Сорос со неговите инсталации во државата за наметната агресија, гнев и поделба на граѓаните, но и за обид со посредство на Заев да извршат насилен преврат.
Не видовме никаков аргументиран демант за содржината на снимените разговори, туку веќе излитени фрази за сечени, лепени, креирани и монтирани разговори, без притоа да покаже одлучност и храброст пред целата јавност да вети дека јавно ќе ги покаже оригиналните разговори или пак дека ќе побара експертско вештачење на објавените снимени разговори, со што ќе им ставеше крај на сите обвинувања од страна на опозицијата.
И она што е посебно битно Груевски јасно стави до знаење дека нема да направи никаква отстапка во смисла на негова демисија со што потврди дека помила и поважна му е позицијата отколку грижата за иднината на својот народ.
Сериозен и одговорен политичар кој му мисли добро на својот народ и кој е сигурен во својата невиност си поднесува оставка и остава институциите независно да ја спроведат целокупната постапка за сите обвинувања.
Проф д-р Јове Кекеновски
