Не е тајна дека режимот на сирискиот претседател Асад се крепи најмногу на надворешна помош – од Иран. Но дали таа поддршка ќе се покаже доволно силна за да го задржи на власт, без оглед на зголемениот притисок?
Информациите за убиените се премногу повеќенасочни. Официјалните сириски власти зборуваат за 130 убиени борци на “Исламска држава” , а приватната сириска мисија во Лондон која ги следи човековите права, информира за околу 30 убиени терористи. И двата извора на информации сепак се согласуваат дека древниот град Палмира барем засега ги издржа нападите на џихадистите. И тоа не е само стратешки успех за режимот на Асад, туку и добар ПР – режимот на претседателот се претставува како авангарда во борбата против џихадистичкиот терор.
Под прашање е дали овој успех ќе му помогне да напредува и натаму. Бидејќи во последно време се множат знаците за распаѓање на владата на Асад. Во интервју за списанието “Шпигел” иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф објасни колку решавачка била поддршката на неговата земја за опстанокот на Асад: “Ние ја поддржуваме легитимната влада на Сирија. Ако не бевме го сториле тоа, ИД веќе ќе беше во Дамаск”, изјави Зариф. Во почетокот на мај самиот Асад говорепе во едно училиште и ја опиша војната како низа од непрестајни борби. “Нормално е во битките да има напади и отстъпления, победи и порази. Многу работи се менуваат, но едно не може да се промени – нашата вера во борците и нивната вера во победата”, рече Асад. Во различни медиуми оваа изјава беше истолкувана, како белег за намалување на неговата увереност во победа.
Режимот е брутално против сите кои се против него
И навистина војниците на Асад претрпеа сериозни порази во северниот дел на земјата. Во северозападна Сирија тие се соочуваат против борци кои најверојатно добиваат поддршка од Саудиска Арабија, Турција и Катар. Овие единици зазедоаа екстензивно територии во последниве недели. Францускиот весник “Либерасион” објави дека успесите би можеле да го прејудицираат исходот на четиригодишната војна во Сирија: “Ако оваа завојувачка армија ја совлада провинција Латакија, кој е бастион на (верското) малцинство на алевитите, кон коe спаѓа и самиот Башар Асад, ќе се стави крај на режимот на “касапот од Дамаск”, забележува весникот.

Асад и неговиот режим паднаа и под растечкиот судски притисок. Меѓународната комисија за правда и одговорност, во чии состав влегуваат поранешни соработници на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, ги документирал детално злосторствата на режимот. Речиси 30 соработници на Комисијата, работеле прикриено во Сирија, се собирале докази во текот на три години. Од овој материјал станува јасно дека режимот на Асад свесно придонесувал за ескалацијата на насилството против демонстрантите. Британскиот “Гардијан” цитира еден документ на Националното биро за безбедност на Сирија, во кој властите даваат инструкции да бидат уапсени претежно лицата кои организираат демонстрации против режимот, како и сите “, кои имаат врски со лица во странство и пречат на имиџот на Сирија пред странските медиуми и организации “. Правниците имаат документирано и методите на тортура, користени од режимот против опозиционерите. Претседателот на меѓународната комисија, Канаѓанецот Вилијам Вајли тврди дека се собрани доволно докази за да биде подигнато обвинение против Асад пред Меѓународниот кривичен суд.
Насилството на режимот сврте и многу Сиријци против Асад
Досега бруталните методи на режимот против бунтовниците му обезбедуваа воена предност. Истовремено сепак тие натераа и многу од Сиријците да се свртат против режимот. Еден од водачите на студентските немири во Алепо во 2011 година вели дека насилството натерало многу од претходните поддржувачи на Асад да преминат на страната на бунтовниците. Тој тврди дека овие луѓе се само привремени сојузници на бунтовниците: “Тие нема да ги поддржат нашите понатамошни идеи”, вели тој, мислејќи на различните претстави за иднината на сириското општество по падот на Асад. Башар Асад навистина се уште се задржува на власт, но никој не знае уште колку долго.
