Социологот Ацески: Формирање контра-кампови е несфатлив и примитивен начин за манифестирање на политиките

од desk3
92 прегледи

 

Иако Македонија веќе неколку години е „прославена“ како ендемски пример на земја во која власта протестира против опозицијата, таа „титула“ која во повеќе наврати наиде на потсмев во соседството, не ги одврати властите од таквите практики-пишува DW.

download
Социолозите денес немаат „дијагноза“ за овој македонски феномен. Метафорички кажано, контра-протестите и контра-камповите, не се ништо друго, освен израз на примитивна култура, вели социологот Илија Ацески.

„Нашите елити постојано се повикуваат на народот. Во смисла, ‘ова што ние политичарите го го говориме, ќе го потврдат овие луѓе или овој народ што стои пред нас’. Од истите позиции, тие мобилизираат луѓе да сторат нешто во прилог на нивната политика. Во ова модерно време, кога за промоција на идеите и ставовите политичарите имаат на располагање многу современи алатки и инструменти, да се пристапи кон формирање контра-кампови е несфатлив и примитивен начин за манифестирање на политиките“, смета Ацески.

Никој не може да процени кога во Македонија ќе заживее политика која ќе се залага „за“ нешто, а не „против“ нешто и некого. Но, сите се уверени дека за да се дојде до тоа ниво, потребни се многу темелни општествени промени и нови стандарди и во политиката и во културата.

Повеќе ТУКА